Економија
ЗЕМЈИ СО НАЈГОЛЕМИ ЗАГУБИ ОД ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ, вкупните загуби достигнаа 790 милијарди евра
14.07.2025
Интензитетот на природните катастрофи станаа многу сериозен проблем во последниве години и предизвикуваат многу поголема штета отколку порано, а почнаа да одземаат сè повеќе жртви, се наведува во извештајот објавен од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во кој се разгледува значителниот број на смртни случаи и економски загуби од природни катастрофи помеѓу 1980 и 2023 година.
Вкупните економски загуби од климатските катастрофи во споменатиот период надминаа 790 милијарди евра во земјите на ЕЕА, која има 32 членки плус шест земји од Западен Балкан.
Земјата со најголеми вкупни економски загуби поради природни катастрофи помеѓу 1980 и 2023 година е Германија со 180 милијарди евра. По неа следат Италија (135 милијарди евра), Франција (130 милијарди евра), Шпанија (97 милијарди евра) и Полска (20 милијарди евра).
Овие четири земји имаат најголеми загуби во природните катастрофи од 2001 година. Во однос на загубите во 21 век, следува група од шест други со многу слични вкупни загуби помеѓу 12 и 15 милијарди евра (Австрија, Белгија, Чешка, Португалија, Романија и Словенија). Земји со помали вкупни загуби се Лихтенштајн (21 милион евра), Црна Гора (25 милиони евра), Исланд (26 милиони евра) и Малта (52 милиони евра).
Во извештајот се наведува дека климатските промени посериозно ги погодуваат посиромашните земји отколку побогатите.
Земјите со најголеми загуби по квадратен километар се Словенија (866.467 евра), Белгија (553.942), Германија (504.812), Швајцарија (481.820) и Италија (446.788). Земјите со најмали загуби се Исланд (249 евра), Црна Гора (1.786), Финска (7.041) и Естонија (7.489 евра), пренесува Бизнис.рс.
Во земјите од Западен Балкан, топлотните бранови предизвикаа најголем дел од загубите, проследени со хидролошки настани. Нема податоци за осигурените загуби за периодот од 1980 до 2023 година во овие земји.
фото freepic