Економија
Трамп ќе испрати исто писмо за царините до 150 земји!
17.07.2025
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека има намера да испрати исто писмо до повеќе од 150 земји, во кое ќе ги информира за царините со кои ќе се соочат.
„Сè ќе биде исто за сите, за таа група“, изјави Трамп за време на состанокот со бахреинскиот престолонаследник Салман бин Хамад ал-Калифа во Белата куќа, објави „Американ Политико“.
Трамп рече дека „ова не се големи земји“ и дека работењето со нив нема голем обем.
Зборувајќи за договорот за царините, Трамп рече дека САД се „многу блиску до договор со Индија“ и дека преговорите продолжуваат со Јапонија, главен трговски партнер на кој му се закани со царина од 25 проценти, но истакна дека не мисли дека ќе се постигне договор со таа земја.
Трамп веќе испрати околу дваесетина писма со кои ги информира поединечните трговски партнери како што се Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја за царинската стапка што ќе стапи на сила за нив на 1 август.
Тоа предизвика интензивна последна фаза од преговорите во кои целните земји се обидуваат да ја убедат администрацијата на Трамп да им понуди поповолен договор, пренесува РТВ.
фото freepic