Економија

ЦЕНАТА НА НАФТАТА НАД 70 ДОЛАРИ, трговците стравуваат од нарушување на снабдувањето со дизел во Европа

Цените на нафтата на меѓународните пазари се искачија над 70 долари поради шпекулациите на инвеститорите дека новите санкции врз Русија би можеле да го нарушат снабдувањето со дизел во Европа.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта попладнето беше повисока за 93 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 70,45 долари. На американскиот пазар, денеска  барелот се тргуваше по повисока цена од 68,54 долари. Трговците беа загрижени од нападите на проиранските милиции врз нафтените постројки во ирачки Курдистан. Производството на нафта во тој дел од Ирак е приближно преполовено, на околу 140.000 до 150.000 барели дневно.

Вниманието на трговците е насочено кон новиот европски пакет санкции врз Русија. Лидерите на ЕУ се согласија за мерки што вклучуваат намалување на ценовниот лимит за руската нафта.

Новите европски санкции ќе го намалат ценовниот лимит за руската нафта на 47,6 долари, изјавија дипломати за Ројтерс.

Денеска, фјучерсите за дизел со ниска содржина на сулфур на лондонскиот пазар беа дури 27,70 долари поскапи од нафтата. Разликата во цената се зголеми за дури 3,50 долари, најмногу од февруари минатата година.

Зголемувањето на цената сигнализира стравувања на пазарот дека Европа ќе остане без дизелот што го набавуваше од Индија, велат експерти од нафетниот бизнис, пренесува Сеебиз.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано