Економија
Холанѓаните со највисок просечен работен век во ЕУ, во Естонија жените имаат најдолг работен стаж
18.07.2025
Во 2024 година очекуваниот просечен работен век во Европската Унија бил 37,2 години, но тоа значително се разликува меѓу земјите од ЕУ, покажуваат податоците за вработеноста и невработеноста објавени од Европскиот завод за статистика Евростат.
Во шест земји, просечната должина на работниот век била 40 години или подолго. Во оваа група се: Холандија (43,8 години), Шведска (43), Данска (42,5), Естонија (41,4), Ирска (40,4) и Германија (40,0).
Најкраткиот работен век е забележан во Романија (32,7 години), Италија (32,8) и Хрватска, Грција и Бугарија (по 34,8 години).
За мажите, просечниот работен век бил 39,2 години во ЕУ, при што најдолгото траење е забележано во Холандија (45,7 години), Данска (44,2) и Шведска (40 години), а најкратко во Романија (35,9), Хрватска и Бугарија (по 36 години).
За жените, просечното времетраење на работниот век во ЕУ е 35 години, при што најдолго траење е забележано во Естонија (42,2), по што следат Шведска (42) и Холандија (41,8). Најкратко траење е забележано во Италија (28,2), Романија (29,2) и Грција (31,1), објави Бизнис.рс.
фото freepic