Економија
„Ова е последниот рок“, САД со последниот предлог до Европската Унија
20.07.2025
Соединетите Американски Држави не планираат да ѝ дадат на Европската Унија нов рок за постигнување трговски договор во врска со воведените царини, изјави денес американскиот министер за трговија Хауард Латник.
„Ова е последниот рок“, изјави Латник за Си-Би-Ес, осврнувајќи се на датумот 1 август. Kако што претходно беше најавено, Вашингтон планира да воведе царини од 30 проценти за стоки од Европската Унија доколку дотогаш не се постигне договор.
Сепак, министерот нагласи дека можноста за дијалог останува отворена дури и по воведувањето на мерките.
„Можеме да разговараме дури и по тој датум, но тогаш тие веќе ќе плаќаат царински давачки“, рече Латник.
Портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, во петокот изјави дека ЕУ се подготвува за сите можни сценарија кога станува збор за американските царини, но сепак верува дека е можно да се реши спорот преку преговори, пренесува Б92.
фото freepic