Економија
„ПРОЕКТ НА ВЕКОТ“ – КИНА ПОЧНУВА СО ИЗГРАДБА НА НАЈГОЛЕМАТА ХИДРОЕЛЕКТРАНА ВО СВЕТОТ
21.07.2025
Кинескиот премиер Ли Чанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрана во светот, која ќе биде сместена на источниот крај на Тибетската висорамнина.
Според официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа, вредноста на оваа хидроелектрана се проценува на околу 170 милијарди долари, пренесува Ројтерс.
Хидроелектраната, која ќе се состои од пет каскадни станици, ќе биде сместена во долниот тек на реката Јарлунг Жангбо и би можела да влијае на животите на милиони луѓе низводно во Индија и Бангладеш.
Ли истакна дека ова е „проект на векот“ и дека посебен акцент мора да се стави на заштитата на животната средина за да се спречи оштетување на животната средина, соопшти кинеската агенција.
Се проценува дека браната ќе има капацитет од 300 милијарди киловат-часови електрична енергија годишно и ќе ги покрие енергетските потреби на Тибет и остатокот од Кина.
Тоа е речиси три пати повеќе од капацитетот од 88,2 милијарди kWh на најголемата хидроелектрана во светот, браната „Три клисури“ во централна Кина. Браната е толку голема што ја забавила ротацијата на Земјата за 0,06 микросекунди, пренесува Б92.
фото freepic