Економија

Владата го донесе предлогот за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување

Владата на денешната седница го  усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска на прес-конференција изјави дека Владата денеска ќе разгледа предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието. 

- Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите од Владата – тој процент што треба да се зголеми да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека очекува Собранието да го изгласа законот пред распишувањето на локалните избори.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано