Економија

Божиновска: Ја градиме новата енергетска слика на Македонија – со ред, инвестиции и државна контрола

Министерката Сања Божиновска најавува системски промени во енергетиката, нови инвестиции во обновливи извори и дигитализација на енергетскиот систем.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во интервју за Економија и Бизнис најавува целосна реформа во македонската енергетика преку нови закони, инвестиции и дигитални решенија. Новиот Закон за енергетика, поздравен од Европската енергетска заедница, овозможува зголемени инвестиции во фотоволтаици, обврски за складирање енергија и воведување паметни броила кај 80% од домаќинствата до 2032 година.

Божиновска посочува дека по 14 неуспешни тендери за „Чебрен“ и „Галиште“, конечно се блиску до одлука и дека проектот ќе се реализира со државен или јавно-приватен модел. Во обновливите извори веќе има над 1.000 MW инсталирана моќност, а планирани се и нови соларни и ветерни капацитети.

Посебен фокус се става на преносната мрежа, каде се воведува обврзувачко планирање и големи инвестиции, како и на подготовка на компаниите за новите европски правила (CBAM). Рударството ќе се развива, но само со еколошки одговорни технологии.

„Нашата цел е јасна: Македонија да стане енергетски независна и регионален извозник на електрична енергија“, истакнува Божиновска, која по 25 години во странство, на министерската функција внесе систематичност, ефикасност и европски пристап. 

ПРЕПОРАЧАНО