Lifestyle

Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic: Технологија по мерка на успешни лидери

Во светот каде секоја минута и секој податок се инвестиција, вистинскиот избор на алатка ја прави разликата помеѓу просечно и исклучително лидерство. За деловните професионалци што секојдневно поставуваат темпо на пазарот, времето е единствената валута која не се надополнува. Токму затоа, Samsung ја претставува новата генерација на бизнис ориентирана мобилност: Galaxy Z Fold7 и Galaxy Watch8 Classic - вашиот најдоверлив и најпродуктивен бизнис партнер досега.

Новата дефиниција на мобилна продуктивност

Galaxy Z Fold7 не е само елегантен и монументален уред со футуристички дизајн, Fold7 е вашата комплетна канцеларија, во џеб. Со импресивниот 8-инчен Dynamic AMOLED 2X дисплеј и уште понапредни мултитаскинг можности, лесно се префрлате низ финансиски табели, мејлови, документи или видео-состаноци, сѐ со пар едноставни кликови. Отворете три апликации истовремено, паралелно креирајте презентации додека следите глобални пазари, и притоа водете непланирен состанок и сето тоа на еден уред.

А кога ефикасноста е императив, Galaxy AI е вашиот личен асистент: автоматски составува бизнис планови, базирани на вашите претходни активности, и интелигентно организира информации, штедејќи ви време за најважните бизнис одлуки. Притоа, One UI со 7 години софтверска поддршка гарантира дека Galaxy Z Fold7 ќе биде постојано оптимизиран со најнови безбедносни и функционални надградби, долгорочна вредност за секој што мисли на својот дигитален капитал. Но, тоа не е сé – благодарение на апликацијата SmartThings, од екранот на вашиот нов Fold (или пак од друг Galaxy телефон) можете да управувате и да мониторирате со повеќето апарати во вашиот дом. Можете да ја пуштите климата да олади пред да се вратите дома од работа, ручекот подгреан да ве чека во рерната, да видите за колу време ќе заврши машината со перење и други домашни активности.

Watch8 Classic - Стил, надзор и функционалност

 

Кон секој бизнис успех стои лична дисциплина и прецизен менаџмент на времето. Galaxy Watch8 Classic е спој на класичен стил и смарт карактеристики за најсофистицирана публика. Лесно одговарајте на повици, следете нотификации, менаџирајте календар, дури и оптимизирајте ги работните и приватни рутини без да го вадите мобилниот од џеб.

Преку напредните здравствени индикатори и интелигентни известувања, Watch8 Classic ви помага да одржите баланс меѓу професионалните обврски и личната благосостојба. Со беспрекорна поврзаност со Fold7, информациите ви се секогаш достапни, без прекини и без компромис.

Безбедност без преседан и доверба за работата

Во ерата на хиперповрзаност, сигурноста на деловните податоци стана приоритет. Со Samsung Knox и Knox Vault, Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic ги штитат вашите бизнис тајни, пристапни лозинки, документи и финансиски апликации на алатки интегрирани на највисоко ниво - енкрипција, биометриска автентикација и изолирана меморија. Вашата доверба не е компромитирана, дури и при интернационално менаџирање на чувствителни информации и мобилно работење под највисок ризик.

Инвестирајте во иднината, управувајте со сегашноста

Samsung Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic не се уште еден телефон и уште еден часовник ,тие се вашите најценети дигитални партнери, вашиот мост меѓу децениите на искуство и иднината на бизнисот. Со мултитаскинг кој навистина работи за вас, продуктивност што го следи вашето темпо, и беспрекорна, долгорочна безбедност, ќе сте секогаш подготвени да направите следен потег без грижи и без задоцнување. Дури, и пред конечно да се одлучите, преку апликацијата Try Galaxy можете да ги испробате функционалностите и корисничкото искуство со Galaxy AI на телефонот кој моментално го користите.

Изберете го партнерот што секогаш работи за вашиот успех. Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic, секогаш чекор пред времето, секогаш во ритам со вашата визија.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано