Економија

Србија станува дел од Програмата за единствен пазар на ЕУ: Што значи тоа за домашните компании?

Владата на Србија го усвои Предлогот за закон за потврдување на Договорот со кој Србија станува придружна земја во Програмата за единствен пазар на Европската Унија. Ова им дава на домашните мали и средни претпријатија пристап до фондовите на ЕУ и еднакво учество на тендерите заедно со компаниите од земјите-членки.

Програмата, вредна неколку милијарди евра, е наменета за зајакнување на конкурентноста, развој на стандарди, заштита на потрошувачите, безбедност на храната и подобрување на статистиката, а Србија одлучи да се фокусира на столбот посветен на конкурентноста на малите и средните претпријатија. Посебна придобивка доаѓа од продолжувањето на финансирањето на Европската мрежа за претприемништво (ЕЕН), која во Србија од 2008 година им помага на компаниите во интернационализацијата, дигитализацијата и одржливото работење.

За домашните бизнисмени, ова значи поголеми шанси за добивање грантови преку европските фондови за развој на кластери, туризам, иновации и проекти за млади претприемачи.

Со приклучувањето кон Програмата, Србија исполнува дел од обврските од пристапните преговори со ЕУ во рамките на Поглавје 20 - Претприемништво и индустриска политика, пренесува Блиц.

ПРЕПОРАЧАНО