Економија

Што очекувате во 2019 година? Штефан Петер: ТРЕБА ДА СЕ УБЕДИ ДЕЛОВНАТА ЗАЕДНИЦА ДЕКА ПОСТОИ ДИНАМИЧНА, БИЗНИС ПРИЈАТЕЛСКА МАКЕДОНИЈА

Штефан Петер

Следнава година постои суштинска потреба за донесување одлуки без одлагање, дури и такви кои можеби се потешки, а со цел да ја зајакнат економијата и како последица на тоа да доведат до зголемување на вработеноста и продуктивноста која оди рака под рака со потребното реструктурирање на невработената работна сила. Воспоставувањето на довербата на инвеститорите е приоритет, а тоа подразбира убедување на деловната заедница дека постои динамична, бизнис пријателска Македонија. Фокусот треба да остане на одржување на макроекономската стабилност и воспоставување стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина. Продолжувањето на борбата против корупцијата и почитувањето на владеењето на правото ќе поттикне многу подобра бизнис-клима, што пак ќе придонесе кон нови инвестиции. Следнава година очекувам да се преземат одлучувачки активности кои се потребни за ефикасно користење на ограничените јавни ресурси. Тоа не само што ќе ја зајакне конкуренцијата туку и силно ќе придонесе за очекуваните напори на Владата за намалување на јавниот дефицит – преку длабоки структурни реформи на страната на трошење, како и континуирана работа за подобрување на наплатата на приходите и намалување на сивата економија.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано