Економија

Што очекувате во 2019 година? Глигор Бишев: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНЕ ДА СЕ СПРЕМА ЗА ПЕРИОД НА ПОВИСОКИ КАМАТНИ СТАПКИ И ПОРИГОРОЗНИ КРЕДИТНИ СТАНДАРДИ

Глигор Бишев

Годината што доаѓа треба да претставува почеток на новиот циклус на економски раст на Република Македонија. Растот би бил воден, пред сѐ, од инвестициите во приватниот сектор и растот на извозот. Инвестициите на јавниот сектор би го губеле значењето на двигател на економскиот раст во Република Македонија. Македонската економија ќе треба да започне да се спрема за период на повисоки каматни стапки и поригорозни кредитни стандарди. Консолидацијата на банкарскиот сектор се очекува да го добие својот моментум со што би се зголемила и конкуренцијата во финансискиот сектор. Јакнењето на институциите и владеењето на законот треба да ги направат одржливи здравите и транспарентни бизниси.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано