Економија
ШПАНИЈА ДО 2040 ГОДИНА ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ ВОЗИЛАТА НА ПОГОН СО ФОСИЛНИ ГОРИВА
блиц свет
Владата на Шпанија планира да предложи забрана за продажба на бензински, на дизел и на хибридни автомобили од 2040 година, соопштија владини претставници. Со ова Шпанија ќе се приклучи кон групата земји кои преземат мерки за забрана на возилата кои предизвикуваат загадување и за намалување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. Планот е вклучен во нацрт-законот за климатски промени што планира да го презентира социјалистичката влада на шпанскиот премиер Педро Санчез пред Парламентот до крајот на годинава. Според предлогот, од 2040 година во Шпанија нема да биде дозволена регистрација и продажба на возила кои директно испуштаат јаглерод диоксид, не е важно дали се работи за бензин, дизел или природен гас, се наведува во документот. Откако ќе биде завршен, законот за климатски промени треба да биде одобрен од Парламентот каде што Владата на Санчез нема мнозинство. Доколку успее, иницијативата ќе се прошири и на можноста за целосна забрана за циркулација на овие возила.