Економија

НЕКОГАШ НАЈВРЕДНАТА АМЕРИКАНСКА КОМПАНИЈА ЏЕНЕРАЛ ЕЛЕКТРИК ВО ДЛАБОКА КРИЗА

Темелите на Џенерал електрик, некогаш највредна американска компанија и гордост на економијата, сериозно се тресат, особено по веста на првиот човек на компанијата кој најави итна продажба на имот поради раздолжување. „Во моментов немаме повисок приоритет од намалувањето на нивото на задолженоста. Имаме цела низа можности за продажба на имотот“, изјави извршниот директор Лари Кaлп. Тој кормилото на конгломератот со 126 години традиција го презеде на 1 октомври, а веднаш потоа се најде под притисок на прашањето за финансиската сила на компанијата и идната профитабилност. Што се однесува на деловите кои би можеле да бидат продадени, Кaлп вели дека Џенерал електрик го разгледувала и продавањето на производството на млазни воздухопловни мотори, но таквиот потег не е приоритет. Џенерал електрик минатиот месец во извештајот за третото тромесечје објави загуба од 22,8 милијарди долари, годишната дивиденда ја сведе на само четири центи, а на акционерите им соопшти дека се соочува со сеопфатна истрага на федералните органи за сметководствената пракса. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано