Економија
ПОЗНАТИОТ ЛИВАЈ ШТРАУС ИЗЛЕГУВА ЈАВНО НА ПАЗАРИТЕ ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
блиц свет
Ливај Штраус енд компани (Levi Strauss & Co), компанија која постои веќе 145 години и која е најпозната како компанија која ги направи првите комерцијални „џинс“ (фармерки), најави дека планира да излезе на берзата со иницијална јавна понуда. Од компанијата најавија дека планираат да обезбедат меѓу 600 и 800 милиони долари за покривање на инвестициите, а јавната аукција се очекува во првиот квартал од 2019 година. Ова претставува обид на компанијата повторно да настапи како јавно котирана на пазарите на хартии од вредност, речиси пет децении откако беше трансформирана од јавно котирачка во „приватна“ компанија.. Имено, компанијата првпат беше јавно котирана на пазарите за хартии од вредност во 1971 година, но наследниците на основачот Ливај Штраус, креаторот на првите „џинс“ (фармерки) кратко потоа ја повлекоа компанијата од јавно котирање на финансиските пазари. Според последните финансиски извештаи, компанијата бележи квартален раст на продажбата од 10 % на 1,4 милијарди долари, како и раст на нето-приходот од дури 44 %.