Економија

ШТО ДОБИВА МАКЕДОНИЈА И ДАЛИ НЕШТО ГУБИ ОД ЕУ/НАТО-ИНТЕГРАЦИИТЕ?

Штефан Петер

Доколку се водиме од емоциите, може да ја сакаме или да ја мразиме, но не може да се негира фактот дека Европската Унија е моќна сила во светската економија и политика. Никако не смееме да заборавиме дека ЕУ е политичка, но многу поважно, економска организација која ја сочинуваат 28 земји. Целта на ЕУ е да промовира хармонија преку создавање единствен пазар со што ќе се овозможи слободното движење на стоки, на услуги и на луѓе. Дали Европската Унија е навистина толку „важна“ во однос на мирот, на просперитетот и стабилноста, е нешто што никогаш нема да го дознаеме.

Сепак, низ годините, ЕУ утврди заедничка трговска и комерцијална политика за земјите членки со вкупна популација од половина милијарда луѓе. Според населението, тоа е околу 1/3 од големината на Кина, но ЕУ е многу, многу побогата од Кина. Во поглед на БДП, ЕУ е значително супериорна.

ПОВЕЌЕ ОД 99 % ОД МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ МСП, ЧИЕ УЧЕСТВУВО ВО БДП ИЗНЕСУВА ПОВЕЌЕ ОД 50 %. ЗАТОА БИЗНИСИТЕ ЗАВИСАТ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ. САМОТО ЧЛЕНСТВО Е ОД ВИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА РАЗВОЈОТ НА МСП ПРЕКУ МОЖНИТЕ ГРАНТОВИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ВИСИНА ОД ПОВЕЌЕ ОД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА. ОД ДРУГА СТРАНА, МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ СТАНУВААТ ГРАЃАНИ НА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА. ТОА ИМ ДАВА СЛОБОДА ДА ЖИВЕАТ, ДА РАБОТАТ И ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ КАДЕ БИЛО ВО ЕВРОПА. СÈ НА СÈ, ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ НИ ДАВА СТРУКТУРНА ПОДДРШКА ВО СЕКОЈ СЕГМЕНТ ОД СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

Геополитички, ЕУ е главната сила. Која ли друга политичка институција би имала храброст јавно да разговара за разбивање на Гугл и притоа да биде сериозно сфатена?! Правилата на ЕУ во врска со слободната трговија и слободното движење на луѓе не се уникатни по својот вид, но тие се веројатно единствени во поглед на нивната длабочина и ширина. Нејзините трговски бариери против други земји имаат важни ефекти. На пример, европските трговски бариери против земјоделските производи го намалија кениското производство на домати и египетското производство на шеќер. Од друга страна, европските луѓе беа спречени да купуваат храна, облека и чевли по „светски“ цени, кои би ги направило сите, особено Европејците, посиромашни.

Глобалниот дострел на политиките на ЕУ, за добро или за лошо, имаат драматични влијанија врз европската и глобалната економија, политика и култура.

Не постои ни негирање на важноста на ЕУ. Сомневањето во сите активности кои ги прави и начинот на кој ги прави, е друго прашање. ЕУ не е за секого. Во светот нема други организации кои сакаат да го копираат моделот на ЕУ и тоа е добро бидејќи се остава простор за оние кои се зрели за промени.

Од моето 4-годишно искуство во земјава, знам дека повеќе од 99 % од македонските компании се МСП, чие учествуво во БДП изнесува повеќе од 50 %. Затоа бизнисите зависат од членството во ЕУ. Самото членство е од витално значење за развојот на МСП преку можните грантови кои достигнуваат висина од повеќе од 1 милијарда евра. Од друга страна, македонските граѓани стануваат граѓани на обединета Европа. Тоа им дава слобода да живеат, да работат и да се пензионираат каде било во Европа. Сè на сè, членството во ЕУ ни дава структурна поддршка во секој сегмент од секојдневниот живот.

(Економија и бизнис, печатено издание, октомври 2018)

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано