Економија

ПРЕКУ НОВИ ПАРТНЕРСТВА, ВОЛМАРТ ВЛЕГУВА НА ПАЗАРОТ ЗА ИСПОРАКА

Волмарт (Walmart) објави дека склучил договор со четири нови компании специјализирани за испорака на производи до дома со што своите производи ги направи достапни на пазарот од над 100 американски градови. Една од компаниите со кои Волмарт влезе во партнерство е компанијата Поинт пикап (Point PickUp) која е специјализирана за испорака на производи истиот ден, во одредени временски слотови. Втората е Скипкарт (SkipCart), компанија која разви иновативен систем на т.н. „кроуд сорс“, создавајќи платформа за вклучување на голем број граѓани во системот на испорака, како и со компаниите Ексл хајар (Axl Hire) и Роуди (Roadie) кои, пак, им нудат можност на возачите кои секако ја минуваат предвидената траса да ја искористат можноста да заработат, станувајќи и тие дел од системот на испорака. Волмарт е најголемиот американски синџир на продавници за продажба на стоки за широка потрошувачка на мало, со десетици илјади продавници низ САД, од кои само 800, сега за сега, имаат опција за испорака до дома. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано