Економија

СОРАБОТКА НА ЕВН И МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ И ЗА ПРОМОЦИЈА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ЕВН и Министерството за образование и наука потпишаа меморандум за соработка за зголемување на вклученоста на приватниот сектор во промовирањето на средното стручно образование, создавајќи подобри услови за одржливо вработување и самовработување. Целта на оваа соработка е да се зголемат знаењата и вештините кај младите преку унапредување на квалитетот на стручно образование и афирмација на придобивките од вклучување на приватниот сектор во образовниот процес. Во оваа прилика г. Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН, упати апел до родителите да размислат за иднината на своите деца и да ги поддржат во одлуката да стекнат применливо образование за подобра иднина. „Ако имаат афинитети и се дообразуваат ќе имаат можност да стигнат далеку, дури до високи раководни функции“, истакна г. Петер. Министерот за образование и наука г. Арбер Адеми изрази голема благодарност до ЕВН за подадената рака во спроведувањето на дуалното образование и поддршката на младите. Ова е втора паралелка на ЕВН од ваков тип при што првата генерација се електричари и електромонтери од СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано