Економија
ТЕСТИРАЊЕ НА 5G-ТЕХНОЛОГИЈА – ПАРТНЕРСТВО НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ И НА ФЕИТ
блиц Македонија
По повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G-технологија. Македонски Телеком ќе инсталира 5G-опрема и уреди за тестирање со што ќе им овозможи на студентите и на професорите први да работат на функционалностите на овој нов технолошки стандард. Добиените резултати ќе се користат за научни цели и унапредувања на услугите кои во иднина ќе им бидат достапни на корисниците. Тестирањата ќе се прават на новата опрема од Македонски Телеком и во новата „5G Evolution Laboratory“ во рамките на Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи, која припаѓа на Институтот за телекомуникации на ФЕИТ. „Минатата година го изведовме првото 5G-демо во регионот, а до крајот на годинава ќе имаме платформа со која ќе добиеме искуства во реално опкружување. Преку парнерството со ФЕИТ и соработка со академската заедница, ќе се овозможи приближување на 5G-технологиите до студентите, идните телекомуникациски професионалци кои ќе имаат можност први да ги тестираат придобивките од новата револуционерна технологија“, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.