Економија

ЕУ ОДРЕДИ КАЗНА ОД НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА НАЈГОЛЕМИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

блиц свет

Берклис (Barclays), Ситигруп (Citigroup), Џеј-пи Морган (JP Morgan), МУФГ (MUFG) и Ројал бенк оф Скотланд (Royal Bank of Scotland) добија вкупна казна од 1,07 милијарди евра или околу 1,2 милијарди долари поради организирана манипулација на мултибилионскиот пазар на размена на странски валути. Финансиските институции се соочуваат со слични казни низ валутните подрачја низ целиот свет, рецидив кој се влече уште од времето на големата финансиска криза. „Со овие одлуки јасно покажуваме дека Европската комисија нема да толерира непринципиелни соработки меѓу финансиските картели со цел манипулација на финансиските пазари“, изјави Маргарет Вестагер, еврокомесарката за конкурентност во рамките на Европската комисија. Највисоката казна ја доби Ситигруп, во износ од 311 милиони евра, додека Свис бенк УБС (Swiss bank UBS) е ослободена од казна имајќи предвид дека нејзините информации претставуваат основа за разбивање на финансиските картели. Според петгодишната истрага, раководни лица во финансиските институции создале лични пријателства, а преку заеднички „чет“ групи создале платформа за размена на чувствителни податоци со кои го манипулирале финансискиот пазар на размена на валути. 

ПРЕПОРАЧАНО