Економија

ФОЛКСВАГЕН ЌЕ ВЛОЖИ ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

Одлуката на Надзорниот одбор претставува дел од поголемата структурна реформа на компанијата за пренасочување на своите ресурси во т.н. електрична мобилност, т. е. во преструктурирање на своите капацитети во производство на електрични возила. Фабриката за батерии Фолксваген начелно одлучи да ја гради близу својот имот во Салцгитер во Долна Саксонија, иако извори од компанијата најавуваат дека одлуката за седиштето на новата фабрика може да биде каде било во Европа. Клучната поддршка за суштинското преструктурирање раководството на компанијата ја доби од моќните синдикати, имајќи предвид дека новата организација на компанијата претставува поедноставување на производствениот процес каде што голем број работни места може да се доведат во прашање. Во рамките на пошироката реформа, компанијата најави одвојување на сегментот на товарни возила „тратон“ и нејзино самостојно излегување на финансискиот пазар преку првична иницијална понуда, сегмент кој во себе ги вклучува брендовите МАН, СКАНИА и останатите брендови од товарниот сегмент. Новата структура предвидува одвојување и целосна продажба на енергетскиот сегмент на производство на големи енергетски машини од каде што компанијата очекува да инкасира три милијарди евра. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано