Економија

АМЧАМ СОБРА 1 500 000 ДЕНАРИ ЗА ОПШТЕСТВЕНО КОРИСНИ ПРОЕКТИ

Проектите таргетираат неколку целни групи: лица со попреченост кои ќе добијат обука и можност да работат во угостителскиот сектор; социјално загрозени лица од Преспа кои ќе научат како да одгледуваат органски производи и да се вклучат во социјално претприемништво; како и деца и млади кои ќе имаат можност да ја запознаат и да ја засакаат природата преку извиднички активности. „Нашите членки покажаа дека се свесни, совесни и одговорни, и подготвени да инвестираат во создавање можности за сите“, изјави Дијана Десподов, извршна директорка на Американската стопанска комора во Македонија. Настанот успешно ја постигна целта обезбедувајќи 1 500 000 денари, како и производи и услуги потребни за реализација на овие општествено корисни проекти. „Позитивните деловни резултати не се доволни за една компанија да се нарече успешна. Вистински успешни компании се оние кои одат понатаму, кои поставуваат повисоки стандарди на одговорно работење, кои им помагаат на оние на кои помошта им е најпотребна“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје Дан Тимотин.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано