Економија

ОПТИМИСТИЧКА ПРОГНОЗА НА ГОЛДМАН САКС ЗА ПАД НА СВЕТСКИОТ БДП ВО 2020 ГОДИНА ОД САМО 1 %

блиц свет

Во своето соопштение Голдман Сакс (The Goldman Sachs Group, Inc.) соопшти дека очекува светскиот реален бруто-домашен производ да се намали за околу 1 % во 2020 година, што иако претставува поостар економски пад отколку во годината по глобалната финансиска криза во 2008 година, сепак многумина го сметаат за оптимистичко сценарио. „Глобалните влади преземаат невидени мерки за да го зауздаат напредокот на епидемијата од корона вирусот кој се заканува дека ќе предизвика светска економска контракција. Корона кризата – или поточно одговорот на таа криза – претставува физичко (наспроти финансиското) ограничување на економската активност што е невидено во повоената историја“, се вели во соопштението на инвестициската банка во белешката до своите клиенти. Тие идентификуваат дека реалниот БДП во напредните економии се намалува „остро и нагло“ во второто тримесечје, вклучувајќи пад од дури 24 % во САД, што претставува два и пол пати повеќе од претходниот рекорд во поствоената историја. 

ПРЕПОРАЧАНО