Економија
ФОЛКСВАГЕН СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА РЕСПИРАТОРИ СО ПОМОШ НА 3Д-ПЕЧАТАЧИ
блиц свет
Германскиот производител на автомобили Фолксваген (Volkswagen AG) соопшти дека им се придружува на другите производители во светот во истражувањето за можностите за користење на 3Д-печатење за да направат болнички респиратори во борба против корона вирусот. За оваа намена Фолксваген веќе собрала работна група која ги тестирала материјалите и ги проверува синџирите на снабдување за да види како може да користи 3Д-печатење за да помогне во производството на респираторите, но и друга опрема која може да се употреби за спасување на животите на луѓето. „Медицинската опрема е ново поле за нас. Но, штом ќе ги разбереме потребите и ќе добиеме план, можеме да започнеме“, објавија од компанијата, додавајќи дека прототип компонентите биле испечатени за што во проектот е вклучена и нивната гранка Шкода (Škoda Auto). Во рамките на мултибрендот, компанијата со седиште во Волфсбург има повеќе од 125 индустриски 3Д-печатачи и веќе воспоставила близок контакт со владите и медицинските власти за да ги проценат потребите.