Економија
АМАЗОН И ВОЛМАРТ ВО ТРКА ЗА РАБОТНИЦИ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА
блиц свет
Додека голем број производни компании се соочуваат со проблем да ги зачуваат работните места и најавуваат големи отпуштања, големите синџири на продавници се соочуваат со предизвикот да најдат соодветна бројка работници. Прво Амазон (Amazon.com Inc) објави дека има потреба од над 100 илјади нови работници кои треба да ја задоволат побарувачката за стоки преку онлајн нарачките, потег што веднаш потоа го следеше и Волмарт (Walmart Inc) објавувајќи дека има потреба од над 150 илјади работници. Во најголем дел се работи за физички работници, магационери, чија главна задача е да ги подготвуваат нарачките за да може да бидат испратени до клиентите. Во трката за работници, Волмарт обезбеди и т.н. кеш бонус награди и тоа по 300 долари за постојаните работници и 150 долари за работниците по договор. Во слична насока, Амазон понуди широко зголемување на вреднувањето на прекувремената работа. За постојаните работници, по надминување на 40-часовната работна недела, саатницата ќе се зголеми двојно, од сегашните 1,5 пати. Поради пандемијата ковид-19, продажбата преку нарачки експоненцијално е зголемена.