Економија
Нападите на Хутите го преполовија приходот на Суецкиот канал
20.02.2024г
Од почетокот на годината приходите на Суецкиот канал се намалиле за половина, поради влијанието на нападите на Хутите врз бродовите кои пловат низ каналот, објави египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси, кој говореше за последиците од војната меѓу Израел и Хамас и од другите конфликти во регионот.
- Суецкиот канал, кој на Египет му носеше приходи од 10 милијарди долари годишно, сега носи помали приходи за 40 до 50 отсто. Но затоа, Египет ќе мора да ги сервисира финансиските обврски, изјави Ал Сиси.
Египетскиот претседател за проблемите од нарушениот бродски сообраќај низ Суецкиот канал, говореше во текот на конференцијата со нафтените компании за време на Египетскиот енергетски настан (ЕГИПЕС) 2024, што се одржува во Каиро, пренесува Б92.
фото: freepic