Економија

Украинскиот земјоделски сектор со загуби од 80 милијарди долари

Украинскиот земјоделски сектор претрпе речиси 80 милијарди долари директни и индиректни загуби од пошетокот на војната, соопштија аналитичарите од Киевскиот економски факултет (КСЕ). На почетокот на јануари 2023 година, аналитичарите ги процениле загубите на 38 милијарди долари, објави „Ројтерс“.

Во пресметката на штетите, биле користени податоците од украинската влада и други извори. Директните загуби на украинскиот земјоделски сектор достигнаа 10,3 милијарди долари на 31 декември 2023 година, во споредба со 7,8 милијарди долари една година порано.

Во загубите влегуваат 5,8 милијарди долари во уништена опрема, 1,8 милијарди долари во оштетени силоси и речиси 2 милијарди долари во уништени земјоделски производи.

Индиректните загуби, од изгубеното производство, намалениот извоз, повисоките трошоци за производство и санирањето на оштетената почва, изнесуваат околу 69,8 милијарди долари, се процените на Киевскиот економски факултет.


фото: freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано