Економија
Вработените се селат поради високите кирии во големите градови
26.02.2024г.
Високите кирии за станови во поголемите градови во Германија им отежнуваат на локалните компании да пронајдат квалификувана работна сила, покажало истражувањето на ПиЦ. На ниво на Германија околу 11 отсто од вработените вработени дале откази поради високите трошоци за сопствен дом. Кај вработените од старосната група од 18 до 34 години, овој процент достигнува 17 отсто.
Во Берлин има највисок процент на вработени, кои се подготвени да дадат отказ, поради високите кирии. Во главниот град на Германија нова работа побарале 19 отсто од вработените, а дополнителни 36 отсто размислуваат за оваа опција. Проблемот со високите станари е изразен и во Штутгард и Минхен. Во Штутгард 38 отсто од вработените побарале ново работно место.
Истражувањето покажало дека вработените очекуваат од работодавачите значителна финансиска помош заради покривање на високите трошоци за изнајмување на станови. Како позитивна страна од животот во големите градови анкетираните лица ги посочиле можностите за вработување, подобрите услови за пазарење, образование и за следење на културни настани. Речиси две третини од вработените искажале незадоволство од станарините и бројот на станови кои се достапни за изнајмување, пренесува Индекс.хр.
фото: freepic