Економија

Барселона од туристичка такса ќе гради соларни колектори

Градот Барселона почна со спроведување на планот за поставување на соларни панели на покривите на училиштата, а за оваа намена се предвидени 100 милиони евра. Овој износ ќе биде обезбеден од наплата на таксите за престој од туристите. 

Проектот на градските власти, која е позната туристичка дестинација, опфаќа 170 училишта. Поставувањето на соларни колектори на училиштата во Барселона ќе се одвива во две фази, кои треба да завршат до 2029 година. Вкупната површина за изградба на фотонапонските панели изнесува 181 илјада квадратни метри, се наведува на сајтот на Градскиот совет на Барселона.

Процените се дека овие соларни панели ќе произведуваат повеќе енергија од потребите на училиштата, а вишокот ќе биде пренаменет за потребите на Градот. Оваа енергија ќе се користи за климатизација на училишните објекти. Поради тоа во инвестициите на  градските власти се опфатени и поставување на прочистувачи на воздухот и вентилациски системи, пренесува Енергетски портал.


фото: freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано