Економија
Силен раст на индиската економија
01.03.2024г.
Во последниот квартал од 2023 година, индиската економија забележа силен раст од 8,4 отсто на годишно ниво, објави индискиот национален завод за статистика Моспи.
- Остварениот раст е многу поголем од очекувањата на аналитичарите. Тоа значи дека индиската економија експлозивно ја заврши претходната година, изјави Тамаши да Силва, експертот на Капитал економикс, пренесува СНН.
Таа додаде дека индиската економија пораснала за извонредни 7, 6 отсто во 2023 година, а економијата на земјата има добар старт во 2024 година.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува раст на индиската економија за 6,5 отсто во 2024 година.
Аналитичарите очекуваат Индија да стане трета по големина економија во светот до 2027 година. Индиската економија моментално е петта по големина во светот, пренесува Танјуг.
фото freepic