Економија
Од денеска цената на брашното во Србија со „замрзнати“ цени
01.03.2024г.
Купувачите можат да купат ограничени количини на брашно
Од денеска во Србија почнува да важи ограничувањето на цената на брашното тип Т-400 и тип Т-500. Со истата уредба на српската влада е пропишано секој трговец на мало на секој поединечен купувач може да продаде максимално по пет килограми брашно од двата типабрашно.
Трговците на мало кои продаваат прехранбени производи се обврзани да имаат најмалку една марка брашно Т-400 во пакувања до еден килограм во структурата на дневната понуда од овој производ. Малопродажната цена ова брашно не смее да надмине 54,99 динари за килограм. Максималната производна цена на ова брашно не смее да надмине 45,00 динари за килограм.
Трговците на мало што продаваат прехранбени производи се обврзани да имаат најмалку една марка брашно Т-500 во пакувања до еден килограм, чија максимална малопродажна цена не може да надмине 49,99 динари.
фото freepic