Економија

Во февруари продолжи падот на преработувачката индустрија во Кина

Активноста во кинеската преработувачка индустрија падна во февруари петти месец по ред. Индексот на менаџери за набавка (PMI) во производството достигна 49,1 поен, што е за 0,1 поен помалку од еден месец порано, објави Кинеското биро за статистика, пренесува АФП.

Индексот PMI е клучна мерка за производството во кинеските фабрики. Неговите вредности над 50 поени укажуваат на раст, а вредностите под оваа граница укажуваат на влошување на расположението.

Кина веќе некое време се бори со економски проблеми. Втората по големина светска економија се уште е оптоварена од ниското домашно производство, кризата со недвижностите, слабиот надворешно трговски биланс и падот на довербата на инвеститорите на кинеските берзи.

Кинеските власти веќе презедоа чекори за да му помогнат на секторот за недвижнини со олеснување на правилата за купување и изнајмување станови.

Како што јави АФП, властите би можеле да дадат важни сигнали за мерките за ублажување на проблемот следната недела, кога членовите на владејачката Комунистичка партија ќе се состанат на годишната седница на Националниот народен конгрес во Пекинг.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано