02.03.2024г.
Минатиот месец Норвешка стана првата земја која одобри истражување на дното на своите територијални морски води заради можноста на експлоатација на руди. На почетокот на јануари, норвешкиот парламент ги ополномошти комерцијалните компании да истражат околу 280 илјади квадратни километри на морското дно заради можно рударење, пренесе Форбс Словенија.
Заинтересираните компании за рударење ги подготвуваат роботите за собирање на материјали, додека еколозите предупредуваат за опасноста од уништување на морскиот екосистем. Експлоатацијата на морското дно ќе се одвива со бушење и усисување на морското тло заради екстракција на метали како што се кобалт, литиум и бакар. Овие метали се потребни за справување со климатските промени и напорите за декарбонизација за производство на електрични автомобили, соларни панели, ветерните турбини и други производи.
Досега оваа „подморска“ индустрија беше ограничена главно на меѓународните води во Тихиот Океан. Моментално 17 компании ги реализира своите истражувања во оваа област, каде според процените на американскиот геолошки завод, има слободно достапни резерви на одредени метали.
Одлуката на норвешкиот парламент е преседан кој би можело да го следат и други земји, пренесува Нова економија.
фото freepic