Економија
Швајцарците на референдум си изгласаа да добиваат 13-та пензија!
04.03.2024г.
Граѓаните на Швајцарија на вчерашниот референдум го поддржаа предлогот за воведување на 13 пензија, поради загриженоста за зголемените трошоци за живот. Според прелиминарните податоци, 58 отсто од гласачите го поддржаа предлогот за исплата на дополнителна пензија, додека 42 отсто биле против, пренесе Ројтерс.
Зголемувањето на пензиите, односно воведувањето на 13-та пензија, го предложија Швајцарскиот сојуз на синдикати и партиите лево од центарот. За предлогот конечно да биде усвоен, потребна е поддршка од мнозинството од 26-те швајцарски кантони. Владата, работодавачите и парламентот, кој моментално се приклонува кон десно, го отфрлија предлогот како финансиски несоодветен.
Не се знае од кои средства ќе се финансира 13-тата пензија чија исплата ќе започне во 2026 година. Минималната старосна пензија во Швајцарија е 1.225 швајцарски франци, а највисоката е 2.450 франци.
На второто референдумско прашање, Швајцарците гласаа против зголемување на старосната граница за пензионирање. Овој предлог беше категорично отфрлен од швајцарските гласачи.
фото freepic