Економија

Речиси половина домаќинства во Србија заштедиле на струја

Во јануари околу 47 отсто од домаќинствата  во Србија ја намалиле потрошувачката за повеќе од пет отсто во истиот период од претходните две години. На овој начин 1,57 милиони домаќинства го искористиле попустот за рационална потрошувачка на струја што го одобрува Електростопанство на Србија.

Најголем попуст  од 40 отсто, според податоците на ЕПС, оствариле 19 отсто од домаќинствата, односно 637 787 домаќинства. Овие домаќинства  во јануари заштедиле повеќе од 30 отсто електрична енергија во однос на истиот месец во претходните две години.

За 13,4 отсто од корисниците сметките за струја се пониски за 20 отсто, а намалени сметки за 25 отсто имале 5,85 отсто од домаќинствата. Попустот од 35 отсто го искористиле 3,89 отсто од домаѓинствата.

Најмногу штеделе граѓаните во Белград, Ниш, Крагуевац, Смедерево, Врање и Зрењанин, соопштија од Електростопанство на Србија.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано