Економија

Германскиот канцелар е против враќањето на нуклеарната енергија

Германија нема да се врати на нуклеарната енергија поради долгото време на изградба и високите трошоци, изјави во понеделникот германскиот канцелар Олаф Шолц.

-        Ако некој реши сега да изгради нуклеарна централа, таа ќе биде готова за 15 до 20 години, според сегашниот распоред за изградба. Дотогаш треба да ги решиме сите наши проблеми поврзани со неа“, рече Шолц за време на посетата на училиште во покраината Баден-Виртемберг.

Електричната енергија произведена од нуклеарните централи е поскапа од онаа произведена од ветер, сончева енергија или други извори, рече Шулц, додавајќи дека резервите на ураниум се исто така ограничени,  пренесува ТРТ Балкан.

Најголемата економија на Европската Унија одлучи постепено да ја укине нуклеарната енергија во 2011 година, по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија. Германската индустрија и опозициските партии неодамна побараа продолжување на работата на централите.

Германија ги затвори своите последни нуклеарни реактори минатата година, означувајќи го крајот на нуклеарната ера на земјата по повеќе од 60 години.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано