Економија

Минатата година на хрватското приморје летувале помалку гости од БиХ и Србија

Воведувањето на еврото во Хрватска ги „избрка“ туристите од Западен Балкан

Во Хрватска лани се одморале 19,5 милиони туристи, од нив 17 милиони биле странски гости. Во 2023 година бројот на ноќевањата изнесувал 92,4 милиони, што е за 2,6 отсто повеќе во однос на претходната година. Бројот на туристите во Хравтска се зголемил за 9,7 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Според бројот на туристички ноќевања, Хрватска во 2023 година остварила рекорд и ја надмина 2019 година за 1,2 отсто. Но по бројот на пристигнување на гостите е на пониско ниво за 0,4 отсто.

Најголем број од туристите биле од странство  од 16,9 милиони  и тоа е  пораснал за 7,6 отсто во однос на 2022 година. Пораст имало и кај домашните туристи.

Во просек странските гости во Хрватска оствариле пет ноќевања, домашните туристи оствариле во просек 3,1 ноќевање.

Во Хрватска минатата година имало намалување на туристите од Босна и Херцегоивина и Србија. Овие две земји, не се меѓу топ 10, чии туристи најмногу одморале на хрватското крајбрежје. Експертите ова го објаснуваат со поскапувањето на туристичките услуги  во Хрватска, односно на влијанието на инфлацијата, воведувањето на еврото, односно ефектите од заокружувањето на цените на услугите во евра.

-        Очигледно Хрватска станува прескапа за туристите од земјите од Западен Балкан и затоа се намали и нивното учество во вкупниот туристички промет, вели Санда Чорак, експерт за туризам во разговор за Еуроактив. 

Најмногу туристи во Хрватска имало од Германија, Австрија и Словенија. Пораст на бројот на странските туристи имало и од азиските земји.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано