Економија
Никица Мојсоска-Блажевски: Нудиме знаење за три клучни области
07.03.2024г.
Што содржи планот на Македонија 2025 за Една визија за забрзан раст?
Планот Една визија за забрзан раст има за цел Македонија да биде водечка економија во регионот и со негова реализација ќе се постигне раст на БДП од пет до шест отсто на годишно ниво и приближување на стандардот на македонските граѓани, кој сега е на ниво од 42 отсто од просекот на Европската Унија, изјави Никица Мојсоска-Блажевски, извршна директорка на Македонија 2025, на промоцијата на стратешкиот докумет кој го претстави Македонија 2025.
Планот за развој на Македонија се базира на „Платформата за просперитет“ која беше претставена во 2020 година, која се базираше на седум фундаменти: нулта толеранција за корупција, преку транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност; континуиран раст на БДП над 5% годишно, преку зголемени инвестиции во образованието, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија; како и квалитетна и ефикасна јавна администрација и пристапување во ЕУ.
- Целта ни е да потикнеме дискусија во опшетството за тоа каде ја гледаме Македонија . Врувам сите ја делиме таа визија Македонија да е подобро место за живеењее со повисок квалитет на живот за граѓаните. Но се разликуваме по пато по кој треба да се движиме. Излеговме со конкретен план со Една визија за забрзан раст. Не сакаме да ветуваме нешто што не можеме да исполниме и затоа нудиме знаење за областите кои добро ги познаваме. Предлагаме мерки во областа на дигитализацијата и конкурентноста. Третата област е како да се искористи потенцијалот на дијапората во развојот на Македонија, рече Никица Мојсоска-Блажевски.