Економија
Европската Унија има потреба од нова индустриска политика
08.03.2024г.
ЕУ заостанува зад глобалната конкуренција
На Европската Унија и треба нова индустриска политика со која ќе го намали заостанувањето зад глобалната конкуренција, изјави министерот за економија Матјаш Хан, на состанокот на министри на ЕУ за конкурентност.
Индустриската политика на ЕУ мора да посвети посебно внимание на секторите во кои Унијата има конкурентска предност и каде постои потенцијален раст. Министерот Хан ги издвои проектите во истражувањето на вселената, дигиталната технологија, фармацевстката индустрија и биотехнологија. Новата индустриска политика на ЕУ мора да се фокусира на подрачјата кои треба да обезбедат економска сигурност и поголема независност на ЕУ.
Министрите на ЕУ разговарале за предлогот на уредбата за надминување на проблемот со доцнење на плаќањата во трговијата и да се подобри дисциплината за плаќање и заштита на претпријатијата од негативните ефекти од ненавременото подмирување на обврските.
Министерот Хан нагласил дека предложениот најдолг рок на плаќање од 30 дена во трговските договори може да навлегува во деловната слобода на правните субјекти. Словенија изразува загриженост од воспоставување на извршни тела, како што предлага Европската комиси, и тоа ќе влијае на повисоки трошоци за земјите на ЕУ, пренесува Сеебиз.
фото freepic