Економија

Цените на храната бележат намалување на светските пазари

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени на меѓународните цени на голем број прехранбени производи со кои се тргува на глобално ниво, во февруари во просек изнесувал 117,3 поени, што е намалување за 0,7 отсто во однос на јануари и 10,5 отсто во однос на истиот месец лани, пренесува Сеебиз.

Во февруари индексот на цени на житариците е намален за 5 отсто. Извозните цени на пченката се намалени поради очекувањата за добри приноси од жетвата во Јужна Америка и конкурентните цени што ги нуди Украина. Меѓународните цени на пченицата се намалени поради силното темпо на извоз на Руската Федерација. Меѓународните цени на оризот во февруари се намалени за 1,5 отсто.

Намалување на индексот на цените има и кај растителното масло и маслото од сончоглед.

Зголемување на индексот на цени има кај шеќерот за 3,2 отсто, што се должи на неповолните прогнози за производството од Бразил, поради дождливиот период во оваа земја, како и за намаленото производство кај големите извознички Тајланд и Индија.

Индексот на цени за месото е зголемен за 1,8 отсто во однос на јануари, а најголем скок има кај пилешкото месо и на говедското месо. Цените на свинското месо бележат благ пораст, поради поголемата побарувачка од Кина и отежнатите испораки за западна Европа.

Во февруари млечните производи се поскапеле за 1,1 отсто.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано