Економија
Илјадници пензионери продолжуваат да работат како мајстори и обезбедувачи
09.03.2024г.
Во Србија околу 50 илјади пензионери се работно ангажирани, а повеќето од нив се експерти со посебни знаења, мајстори и вработени на едноставни работни позиции, како што се обезбедување на објекти.
Од Асоцијацијата на слободни и независни синдикати, работодавачот кој работно ќе ангажира пензионер уплатува придонес за пензиско и здравствено осигурување од 34,50 отсто од платата и данок на приходи од 10 отсто на намалена основица за 25 илјади динари, објави Н1.
За пензионерите кои работат по договор на дело, работодавачот уплатува придонеси од вкупно 24 отсто, а основицата се намалува за 25 отсто по основ на нормирани трошоци и данок на приход на граѓани од 10 отсто со намалена основица од 25 илјади динари.
Во Србија има 1,6 милиони пензионери, а просечната пензија во декември 2023 изнесувала 39.874 динари (340 евра), додека износот на минималната пензија била 20.631 динар (176 евра).
фото freepic