Економија

Писмо со критики од 22 земји до ЕУ за сложената процедура за субвенционирање

Барање до ЕК за брзо решавање на земјоделската криза

Европската комисија добила писмо потпишано од 22 земји на Европската Унија во кое се бара итна иницијатива за решавање на кризата во земјоделството. Во писмото се бара донесување на  јасни  краткорочни и среднорочни мерки со што ќе се одговори и на барањата на земјоделците, кои протестираа во Брисел и други градови на Европската Унија, пренесува „Еурактив“.

Европската комисија потврди дека деновиве ќе ги претстави своите предлози за решение на земјоделската криза, која ја зафати Европа. Извори на ЕУ наведуваат дека новите мерки ќе бидат објавени на 15 март и меѓу нив ќе бидат и предлозите за поедноставување на процесот и  добивањето на докуменнтите кои ги дефинираат процесот на производство на храна.

Новата шема за субвенционирање во земјоделството во ЕУ стапи на сила минатата годинаи со нејзината имплементација им се дава повеќе моќ на земјите членки, но и повеќе одговорност. Оттогаш, критериумите за одредување на субвенциите се посложени за земјоделците.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано