Економија

ЕУ оствари суфицит во трговијата со стоки со САД

ЕУ ја зголемила количината на увозен гас од САД

Минатата година Европската Унија во трговијата со стоки со Соединетите Американски Држави оствари суфицит од 158 милијарди евра, објави денеска Евростат. ЕУ во САД извезла стока во вредност од 502 милијарди евра, а увезла производи за 344 милијарди евра.

Во 2023 година Европската Унија од САД увезла сурова нафта за 42,4 милијарди евра, што е зголемување за 11,4 отсто во споредба со 2022 година. Зголемен увоз остварила и кај медицински и фармацевстки производи за 32,5 милијарди евра, или за 36,6 отсто повеќе во однос на 2022 година.

ЕУ од САД увезла природен гас за 26,9 милијарди евра, односно за 44,8 отсто помалку. Овој пад на вредноста на увозот е последица на големото намалување на цената на гасот. Наспроти ова, количината на увозен гас од САД пораснала за 14 отсто.

САД се најголем трговски партнер на Европската Унија во извозот на стоки со учество од 19,7 отсто, а во увозот е на второ место со учество од 13,7 отсто.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано