Економија
Цената на нафтата падна под 82 долара
12.03.2024г.
Цената на нафтата на вчерашното тргување на меѓународните пазари се намали под 82 долара, поради загриженоста кај инвеститорите за кинеските побарувања и прогнозите за забавување на американската економија.
На лондонската берза цената за еден барел се намали за 58 центи, а на крајот на минатата недела изнесуваше 81,50 долари. На американскиот пазар цената на барелот нафта се намали на 77,08 долари.
На почетокот на оваа недела трговците се фокусираа на сигналите за слабеење на потрошувачката во Кина. Кинескиот увоз на нафта во јануари и февруари годинава забележа раст во однос на истиот период лани, но со послаб интензитет во однос на претходните месеци.
На цената на нафтата влијаеа и најновите показатели за економските движења во САД. Во најмоќната економија вработувањето во февруари бележи раст, но кај стапката на невработеност има благ пораст, додека растот на платите успорува, пренесува Хина.
фото freepic