Економија

Еден километар автопат со различни цени изразени во милиони евра

Изградбата на автопатиштата во земјите од регионот се проследени со високи цени за еден километар, пробивање на планираните рокови за градба и недоволно информации за изведувачите на градежните фирми. Црна Гора во јули 2022 ја отвори првата делница на автопатот Подгорица-Матешево во должина од 43 километри. Изградбата на делницата доцнеше три години и заедно со камати и други трошоци чинеше 1,2 милијарди евра, пишува  Вијести.

Весникот од Подгорица прави споредба со цената на изградба на патиштата во Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Според податоците на Вијести,  патниот правец во Војводина, на релација Бачки Брег-Сомбор-Кула-Врбас-Србобран-Бечеј-Кикинда-Наково, би требало да чини речиси две милијарди евра за траса од 186 километри. Така, цената за еден километар брз пат на оваа делница ќе изнесува околу 12 милиони евра, додека километар автопат на Фрушкогорскиот коридор чини околу 12,6 милиони евра.

Во Босна и Херцеговина се изградени 232,5 километри автопат, а најзначајниот сообраќаен проект е коридорот 5Ц кој се гради веќе 23 години. За делницата од 126,5 километри на овој коридор се инвестирани повеќе од 1,5 милијарди евра. Така, изградбата на делницата Свилај-Оџак чини 6,5 милиони евра по километар. Оваа делница е долга 10,4 километри и поминува низ рамен терен, на кој не се потребни посериозни градежни зафати. Од друга страна, за делницата Клопче-Долна Грачаница во должина од 5,8 километри, за чија изградба се потребни изградба на засеци и насипи,  пет вијадукти и два тунела, потрошени се 25 милиони евра за километар, пренесува Вијести. 


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано