Економија

Аргентискиот претседател си ја зголемил платата, па се покајал за одлуката

Претседателот на Аргентина Хавиер Милеи се најде под критики на домашната јавноста откако во време на владините мерки за штедење си ја зголеми платата за 48 отсто, а покачување добиле и членовите на неговиот кабинет. Милеи се обиде да ја оправда одлуката за повисока претседателска плата, повикувајќи се на претседателскиот декрет од 2010 година, но подоцна ја повлече одлуката.

Пред тоа, Милеи побара оставка од министерот за труд Омар Јасин, поради  „грешката која не требаше да се случи“. Аргентинскиот претседател рече дека автоматското зголемување на платите е според постојните правила кои ги воспоставиле претходните влади. Имено, платите на јавните службеници се усогласуваат со инфлацијата, која сега изнесува повеќе од 250 отсто на годишно ниво, пренесува Фајненшел тајмс.

Пратениците во аргентинскиот парламент го обвинија претседателот за лицемерие, поради неговите апели за штедење. Аналитичарите проценуваат дека овој скандал со платите може да има голема политичка штета за претседателот на Аргентина.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано