Економија
Германските компании помалку вложуваат поради високите камати
12.03.2024г.
Германските компании во изминатите 18 месеци ги намалиле планираните вложувања во просек за 8,4 отсто поради повисоките камати, покажале резултатите од анкетата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
- Фирмите реагираат на повисоките каматни стапки и помалку вложуваат во енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, како и во истражување и развој, изјави Мануел Менкхоф, истражувач во ИФО.
Намалувањето на инвестициите не е рамномерно распоредено по сектори. Во германскиот градежен сектор вложувањата се намалени во просек за 10 отсто, во трговијата за 9,3 отсто, во производството за 8,2 отсто и во секторот за услуги намалувањето е 7,4 отсто.
Намалувањето на инвестициите влијаат и на можноста за раст и на проектите за климатска политика, се наведува во заклучокот на извештајот на ИФО, пренесува Независне новине.
фото freepic