Економија

Промовиран Оперативниот план за вработување „Шанса за сите“

Во планот за вработување се опфатени 15 244 лица

Во годинашниот Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, се предвидени две милијарди денари за над 15 000 невработени лица. Планот насловен „Шанса за сите“ содржи и мерки за креирање нови работни места во микро, малите и средните претпријатија, како што се субвенции на плати и раст на правни субјекти, преку кои се планира да бидат директно вработени над 1 120 лица.

Ѓоко Велковски, техничкиот министер за труд и социјална политика

- Главен фокус ќе биде вработувањето на најранливите категории граѓани, долгорочно невработените млади лица, жените, Ромите итн. Преку посебен фонд е предвидена и поддршка за директно вработување на 150 лица со попреченост, изјави Ѓоко Велковски, техничкиот министер за труд и социјална политика, на денешната промоција Оперативниот план за активни програми и услуги на пазарот на трудот 2024 година, на која присуствуваа и Ведат Османи, директор на Агенција за вработување и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.  

Планот оваа година опфаќа 15 244 крајни корисници од кои 11 622 лица во мерки за вработување и 3 622 со услуги.

Ведат Османи, директор на Агенција за вработување

-. Сите 30 центри на Агенцијата за вработување се подготвени за негова реализација и се координирани со централната служба. Првите јавни огласи се веќе објавени, а останатите ќе се објавуваат етапно, рече Османи, директор на Агенција за вработување на Македонија.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан истакна дека и во годинашниот Оперативен план, УНДП во партнерство со Агенцијата за вработување ќе реализира неколку клучни мерки и програми за вработување и зголемување на вработливоста со фокус на ранливите категории.

Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП

-Програмата за развој на УНДП, како долгогодишен партнер на Владата и националните институции ќе ја продолжи соработката со сите релевантни чинители преку дизајнирање иновативни механизми за поттикнување на економскиот раст и развој на приватниот сектор и обезбедување еднакви можности за сите, рече Григорјан. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано