Економија
Турција заработила 71,5 милијарди долари од приватизацијата
13.03.2024г.
Турција остварила заработка од 71,5 милијарди долари од приватизација во периодот од 1986 до 2023 година, објави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на податоците од државните институции задолжени за приватизацијата.
Минатата година се спроведени тендери за 51 приватизација, со што е остварен приход од околу 181 милион долари. Заедно со ратите од 2022 година, вкупниот приход достигна 440 милиони долари во 2023 година.
Управата за приватизација се подготвува за јавна понуда на турскиот државен оператор на електрична енергија ТЕИАС. За марината во Фенербахче, која е во Истнабул на азискиот брегот на Мраморното Море, се подготвува нов тендер во вториот квартал од 2024 година, пренесува Бизнис.рс.
Приватизацијата во Турција започна во 1986 година и се однесуваше на недовршените објекти, малите претпријатија и некои големи фабрики, како и за други јавни продажби. Во приватизациониот процес беа ставени објекти во текстилната индустрија, петрохемијата, цементарници, преработувачки капацитети за сточна храна, железо и челик, објекти од тутунската индустрија и во дистрибуцијата на електрична енергија.
фото freepic