Економија
Испораките на руска сурова нафта на највисоко ниво годинава
13.03.2024г.
Рускиот извоз на сурова нафта по морски пат достигна највисоко ниво годинава, а на 10 март достигнаа 3,7 милиони барели дневно, пренесува Блумберг. Неделните испораки беа за 120 илјади барела дневно над просекот кој беше остварен во мај и јуни минатата година.
Растот на дневната испорака од 590 илјади барели во неделата уследи по објавата од Москва дека е посветена во настојувањата на ОПЕК+ да го намали глобалниот суфицит и да ги зголеми цените со ограничување на производството. Русија најави дека во вториот квартал годинава ќе го ограничи производството на сурова нафта.
Бруто вредноста на испораките на сурова нафта пораснаа на највиоко ниво од октомври лани и достигнаа 1,86 милијарди долари во текот на седумдневниот период, наспроти санкциите од западот.
фото freepic